Wednesday ,01 May 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > КК Вардар му „наплати“ на младиот МЗТ за поразот во „Јане Сандански“
КК Вардар му „наплати“ на младиот МЗТ за поразот во „Јане Сандански“

КК Вардар му „наплати“ на младиот МЗТ за поразот во „Јане Сандански“

Вчера, момците на Александар Јованчев  играа во Кале  против МЗТ Скопје Уни Банка. Победата ја остварија на оваа средба играчите на КК Вардар  со резултат  85-79 (46-33).

Натпреварот  започна рамноправно, двата тима беа постојано околу реми, менувајќи се во водството. Вардар прв пат осетно се одлепи при 25-18, односно на крајот од првиот дел. На одмор водевме со осетна разлика, дојдовме до 13.поена предност пред паузата помеѓу двете полувремиња (46-33).

Како се приближуваше крајот од мечот можеше да се повтори првиот дуел од Јане Сандански од пред половина месец. Гостите од Аеродром се вратија во мечот на стартот на последниот период. Од највисоките минус 16 дојдоа на само три поени негатива, сепак овој пат не дозволивме изненадување и го исконтролиравме дуелот.

Кај нас Дикембе Диксон уфрли 26 поени (9 скока),  Џуниус Провел даде 23 поени ( 8 асистенции), а  Дино Радош натпреварот го заврши со 15 поени.