Во рамки на 5.коло од Македонската кугларска лига, ЖКК Пелистер Т&С Холдинг беше домаќин на КК Вардар(А). На овој дуел сосема очекувано дојдовме до победа на оваа средба со дамите. Триумфот го остваривме со 7-1, соборувајќи 3196 „дрва“.
Како што напоменавме во извештајот од колото, евидентно е дека оваа кугларска полет во одлична форма е Саша Јанковиќ. Вардаровиот куглар имаше најдобар скор во нашиот тим и беше близу до 600-ката, соборувајќи 597 „дрва“. Вака одличен резултат донесе високо место во топ-6 на ова коло. Јанковиќ се наоѓа на позицијата број два, ваков резултат често носи и златна позиција, но ова коло поранешниот играч на Вардар, Младен Донковски блесна и го зазема врвот. Уште еден црвено-црн член е дел од топ-6, станува збор за новото засилување Манев. Искусниот македонски куглар со 564 „соборени дрва“ се најде на 4-та позиција.