Tuesday ,03 December 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Сениорките на Спартак станаа „пациент“ на вардаровите кадетки
Сениорките на Спартак станаа „пациент“ на вардаровите кадетки

Сениорките на Спартак станаа „пациент“ на вардаровите кадетки

Вчера, кадетскиот состав на ЖРК Вардар  го    одигра својот втор  контролен дуел во 2021 година, покажувајќи дека она што го работеле ова зима е за пофалба, повторно прикажаа квалитет на сериозен тест-дуел.

Девојките на Платон  Анжела и Марија Папуџиева гостуваа кај тимот на РК Спартак Кисела Вода, повторно доминиравме на теренот и победивме на оваа средба. Триумфот дојде со резултат 26-34.

По само неколку минути од првиот период диктиравме темпо, почнавме да создаваме разлика која од минута во минута раснеше, па на полувреме веќе имавме шест гола повеќе од сениорските на Спартак. Помеѓу двете полувремиња на семафорот во  салата „Круме Кепески“ во  населба Кисела Вода стоеше 17:23 за нас.

162048105_10219226862364562_1408943631083880466_n-2

Во вториот период продолживме со исти ритам, не дозволивме да биде загрозена нашата преност. Успеавме и дополнително да ја зголемиме истата, победата дојде со осум гола повеќе на ова средба. Платон ротираше од клупата и даде шанса на повеќето девојки кои беа во ростерот. Мечот заврши со резултат 26:34 за црвено-црните кадетки.

Кај нас прв стрелец беше Сара Стефаноска со 6.погодока во мрежата на „спартанки“. Сестрите Коцеви, Борјана и Бојана имаа 100% ефект постигнувајќи по 5.гола од исто толку обиди, исто токку погодоци имаше и Мила Пешиќ која погоди три пенала. Крилото, Јана Равојска стрелаше 4 пати од 4 удари (100%), исти број погодоци имаше Зорица Андовска. Максимовска Наталија и Коловска Алекс ја затресоа мрежата во два наврати, по еден гол имаа крилата: Бојана Радевска и Ива Ангеловска. Свој удел во победата имаа со добри настапи и голманите Вероника Ѓорѓиевска и Леа Христоска. 

162423914_10219226864124606_1766316626775091086_n-2

Ова е дуел број три на нашите „лавици“ и сениорскиот тим на скопскиот cуперлигаш, занимливо имаме максимален ефект. Во минатите два вардарки доаѓаа до победа, во февруари  победивме со високи 38-31, претходно во септември 2020  триумфиравме со 28-29