ЖКК Вардар по преземањето на кормилото од Наков, врза две победи во низа. Вчера ни гостуваше екипата на ЖКК Куманово од истоимениот град. Вардарки ја оправдаа улогата на голем фаворит на овој натпревар, ние победивме со 107-34/
Ние поведовме рано, постојано ја зголемувавме предноста, одигравме една динамична четвртина. Во првиот период од 10.минути направивме неверојатни 28.поена позитива. Истата ја завршивме со 38-10, резултат кој го постигна Деловска од слободни фрлања на повеќе од 6.секунди до крајот. На одмор заминавме со огромна разлика (61-24), покажувајќи дека за неколку класи сме подобри од противникот.
Вториот период беше чиста формалност, ние доминиравме како и во сите претходни периоди. Вардарки само ја зголемуваа предноста. Сино-белите дами од Куманово немаа сила да го следат нашиот ритам. Па на 37.поена од првиот дел додадовме речиси уште толку поени позитива. Победата на оваа средба беше обезбедена со резултат 107-34.
Ова за нас во сезоната 2020/2021 во Женската прва лига е деветти меч. Ние досега победивме на седум напревар и имаме само еден пораз. Кумановчанки се „заковани“ на дното на табеата, па и до одигрување на следните рудни ќе бидат „Фенерџии“.
Видео од целиот тек на овој дуел одигран во малата сала при СЦ „Кале“ може да да погледнете - ТУКА!