Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Недановски и Јагуриновски: Одбраната не беше на посакуваното ниво
Недановски и Јагуриновски: Одбраната не беше на посакуваното ниво

Недановски и Јагуриновски: Одбраната не беше на посакуваното ниво

Вардар го нанижа и вториот последователен пораз во СЕХА-лигата, откако вчера загуби на гостувањето кај екипата на Нексе (36:32). Нашиот состав настапи без неколку играчи кои не допатуваа за овој дуел во Нашице. Екипата на Нексе во голем дел од натпреварот беше во предност па на крајот ги освои бодовите.

На прес-конференцијата своите впечатоци ги споделија помошникот тренер, Недановски и играчот Јагуриновски.

„Сакам да му честитам на Нексе за победата. Го отворивме натпреварот лошо, ама успеавме да се вратиме. Одбраната не беше добра, а тоа Нексе знаеше како да го искористи и да запише триумф против нас“ , истакна Недановски.

„Го отворивме мечот лошо, но одбраната не ни беше онаква каква што требаше во клучните моменти. Не реализиравме и некои зицери, па му дозволивме на противникот да го освои целосниот плен“, изјави Јагуриновски.