Претстојниов викенд продолжуваат натпреварите во младинските фудбалски лиги, каде на програмата е 11.коло. Пионерските екипи се домаќини на Победа, додека кадетите и младинците ќе гостуваат во Прилеп.
После десет одиграни кола, помладите пионери се единствените во лигата кои се уште не знаат за пораз. Момците на Драган Стефановски-Гаге имаат скор од 8 победи и 2 нерешени резултати. Во пролетниот дел на три одиграни натпревари остваривме една победа и два нерешени резултати. Пионерите ќе се обидат да ја прекинат серијата од два последователни порази и со победа да останат во борба за горниот дел од табелата. Оваа генерација на Врдар има забележано 6 победи и 4 порази до одигрување на ова коло. Натпреварите во сабота ќе се одиграат на Академијата и ќе стартуваат во термините од 10:00 и 12:00 часот.
Кадетите на Вардар се борат за титулата и секој натпревар е важен за момците на Ивановски Филип. Во недела ќе бидеме гостин на третопласираниот тим на Победа кој исто така има амбиции да се бори за трофејот во оваа категорија. На десет одиграни дуели, вардарци забележаа 8 победи и по 1 нерешен резултат и пораз. Младинците на Вардар се во потрага на првата пролетна победа, откако на првите три дуели од пролетниот дел освоија само еден бод. Овие дуели во недела ќе бидат одиграни на игралиштето со вештачка трева во Прилеп и истите ќе започнат од 10:00 и 12:00 часот.