Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Куглање! Вардар со победа во сениорска и јуниорска конкуренција во дербито со КК ГТЦ ја стартуваше сезоната
Куглање! Вардар со победа во сениорска и јуниорска конкуренција во дербито со КК ГТЦ ја стартуваше сезоната

Куглање! Вардар со победа во сениорска и јуниорска конкуренција во дербито со КК ГТЦ ја стартуваше сезоната

Вчера, сабота на 30-ти септември започна новата сезона 2017/2018 во Македонската кугларска лига-МКЛ.  Вице-првакот, кугларскиот клуб Вардар во првото коло гостуваше кај екипата на КК ГТЦ Мусандра. Дуел се играше со почеток во 11-00 часот во кугларницата “Мусандра“ при Градскиот трговски центар-Скопје на патеките 5-8.

Вардарци во дуелот во кој ривалот беше благ фаворит успеавме да триумфираме  минимално со 3,5-4,5. Нашиот тренер Драги Димитровски на овој дуел настапи со: Димковски, Ристевски, Згонц, Поп-Крстев, Димитровски и Стојановски.  Најдобар скор кај нас имаше капитенот Миле Димковски кој впиша 560 соборени “дрва“, втор скор имаше Дарко Димитровски (557), а трет беше Влатко Стојановски  кој стигна до бројката 552. Ние во сетови триумфиравме со 12,5 спрема 11,5, а во поени со 3265 спрема 3220. Во продолжение статистиката од целиот дуел.

22155256_10212985396621450_256182009_n-1

Покрај ова победа однесовме и кај јуниорските екипи кои играа претходно, во тој дуел нашите надежи триумфираа со 3-1.