Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Атлетика > (Фото+Видео) Завировски победник на 11-та трка од “Најк лигата во трчање“
(Фото+Видео) Завировски победник  на 11-та трка од “Најк лигата во трчање“

(Фото+Видео) Завировски победник на 11-та трка од “Најк лигата во трчање“

Атлетичарот на Вардар младиот Петре Завировски тргна одлично во оваа нова фаза од сезоната  2017 г. Вчера на 30-ти септември,  сабота на кејот на реката Вардар се одржа единаесетата трка оваа сезона од Најк лигата во трчање. Стартот беше “Кај жабарот“ се трчаше до хотелот Александар Палас и назад до Жабарот кај што беше финишот. Нашиот вардарец истрча феноменално на оваа трка и покажа дека по падот негде во мај месец кога не успеаа да финишира на Скопски маратон во текот на август, септемри  одлично работел и сега шампионски  “галопира“.

j7 j6 j5

Тој покажа дека одличните резултати од втората половина оваа година воопшто не беа случајност. Петре работеше жестоко ова лето  и покрај крајно неповолните временски услови, таа пожртвуваност вроди со плод веќе на оваа трка. Тој за трет   пат зема учество во овој серијал   на натпревари во “Најк лигата во трчање“. Викендов настапија на трката над шеесет љубители на трчањето. Завировски одново со фантастичен перформанс убедливо победи. Со трети  најбрзи 5000 метри на улична трка на оваа делнциа.  Неговиот резултат изнесува 17:18 минути.  За потсетување во октомври лани на истата патека беше прв со време 17:03 минути, потоа во фебруари годинава   тоа време  го намали за три секунди односно имаше 17-00. Вториот натпреварувач доцнеше зад нашето момче за 34секунди односно имаше време 17-52.

j2 j3 j4

Видеото од прогласувањето на Петре Завировски за победник на оваа трка може да го погледнете ТУКА!