Wednesday ,01 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Дуелот Вардар – Загреб и низ директен ТВ пренос
Дуелот Вардар – Загреб и низ директен ТВ пренос

Дуелот Вардар – Загреб и низ директен ТВ пренос

Тимот на Вардар со почеток во 17 часот во својата сала “Јане Сандански” ќе го пречека тимот на ППД Загреб. Овој натпревар ќе биде одигран во рамките на третото коло од групата А, вардарци се наоѓаа на првата позиција на табелата со максимален ефект од две победи на исто толку натпревари. Нашиот денешен противник се наоѓа на седмата позиција со еден бод на досега одиграни два натпревари.

Денешниот дуел сите кои нема да бидат во сала, ќе можат да го проследат низ директен ТВ пренос на МТВ – 1. Очекуваме нова победа и максимален ефект по три одиграни рунди во Лигата на шампионите.