Вчера во малата сала на спортскиот центар “Јане Сандански“ се одигра пријателски натпревар помеѓу кадетките на Вардар и Бек Подгорица од Црна Гора. Во овој дуел триуфираа Вардарки предводени од Драгана Пецевска со резултат 29:22. Се играа три дела, од кои два дела беа во времетраење од 20 минути, додека третиот дел се играше 10 минути. Извештај од дуелот погледнете ТУКА, слики во продолжение.