Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Сите Вардарови генерации се пласираа во 1/4 на турнирот “Илија Пантелиќ“ во Нови Сад
Сите Вардарови генерации се пласираа во 1/4 на турнирот “Илија Пантелиќ“ во Нови Сад

Сите Вардарови генерации се пласираа во 1/4 на турнирот “Илија Пантелиќ“ во Нови Сад

Четири генерации на фудбалскиот клуб Вардар денес ги стартуваа натпреварите на турнирот “Илија Пантелиќ“ во Нови Сад.

Вардаровата генерација родени “2006“ година под водство на Сашо Јанев во текот на денешниот ден одиграа три натпревари, на кои забележаа две победи и еден пораз. На првиот натпревар утрово за противник ја имавме екипата на Петрика, која ја совладавме со резултат од 2:0. Во второто коло од групната фаза се сретнавме со тимот на Шампион и на овој меч славевме поубедливо со резултат 0:3. На последниот меч од денешната програма бевме поразени од екипата на Сеац. На тој начин се пласиравме во 1/4 кое на програмата е во текот на утрешниот ден. Во него се среќаваме со екипата на Шампион.

Три натпревари одиграа и избраниците на Томче Трајановски, генерација родени “2007“ година. Тие пак забележаа победи на сите мечеви.

1 коло: Вардар Петар Пуача  2:0

2 коло: Вардар – Спорто  2:0

3 коло: Јувентус – Вардар  1:2

Во четврфиналето Вардарци за противник ја имаат екипата на Војводина.

Две победи и еден пораз и за Вардаровата генерација “2008“. Ова се нивните резултати на првиот натпреварувачки ден:

1 коло: Вардар – Воша СП  2:3

2 коло: Вардар – Јувентус  1:0

3 коло: Славија – Вардар  0:5

За пласман во полуфиналето, избраниците на Неделковски ќе мора да го победат Партизан.

Највозрасната наша генерација на овој турнир, ФК Вардар “2005“ одигра три натпревари и забележа две победи и еден нерешен резултат.

1 коло: Вардар – Чивија  4:0

2 коло: Вардар – Петрика  1:1

3 коло: Радник Урије – Вардар  0:11

Утре во 1/4 за противник го имаме тимот на ГДМ 021

Одличен прв ден за нашите млади надежи, на кој забележавме вкупно 9 победи, 2 порази и 1 нерешен резулта.