Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Кадетките на РК Вардар подобри од Бек Подгорица, на првиот контролен натпревар на овие две екипи
Кадетките на РК Вардар подобри од Бек Подгорица, на првиот контролен натпревар на овие две екипи

Кадетките на РК Вардар подобри од Бек Подгорица, на првиот контролен натпревар на овие две екипи

Денес во малата сала на С.Ц. Јане Сандански пријателски натпревар одиграа кадетките на Вардар и Бек Подгорица од Црна Гора. Поуспешни беа Вардарки кои славеа со резултат 29:22. Се играа три дела, од кои два дела беа во времетраење од 20 минути, додека третиот дел се играше 10 минути.

vardarfans-kadetki

Во текот на целиот прв дел избраничките на Драгана Пецевска имаа водство. Отворивме со погодок за 1:0, за гостинската екипа да го постигне првиот гол и да го израмни резултатот. Вардарки успеваат во првите пет минути да се одлепат на 3:1, со погодокот на Андреа Седлоска.Црвено-црните го диктираа темпото на игра и имаа контрола на резултатот. Во главна улога во првото полувреме беше Седлоска и крилото Мирјана Петковска која беше непогрешлива од својата позиција. При резултат од 5:3 токму со голот на Петковска, нашите девојки успеваат да постигнат три последователни голови преку Седлоска и Петковска ии за прв пат на мечот во 15 минута да имаат предност од пет голови разлика (8:3). До крајот на првото полувреме го одржувавме ова водство и на полувреме се замина со резултат од 9:5.

b0

Вториот дел започна со гол на Бек за намалување на 9:6. Врати Седлоска за повторно да имаме четири голови разлика, а највисокото водство од пет гола го врати Петковска, за резултат од 12:7 во 26 минута. Екипата на Бек Подгорица заига подобро и со серија од 0:4 намали на само еден гол негатива (12:11). Повторно крилото Петковска не дозволува противникот да израмни и со нов гол му носи предност на Вардар од 13:11. На осум минути пред крајот со гол на Седлоска од седум метри поведуваме со 16:13.

b7

Екипата од Подгорица се закани во 38 минута кога намали на само еден гол негатива (18:17). Седлоска постигна гол за крај на вториот дел, за водство од 19:17.

Во третиот дел кој се играше 10 минути, на стартот избраничките на Пецевска постигнаа два последователни голови за предност од 21:17. Повторно имавме високи пет голови разлика (23:18) со нов погодок од пенал на Андреа Седлоска. Беше познато кој ќе го добие овој меч кога веќе имавме водство од 27:19. Конечниот резултат на крајот од натреварот гласеше 29:22.

Утре ќе го одиграме и вториот контролен натпревар со оваа екипа, со почеток од 8:15 часов во истава сала.

vardarfans-naslovna vardarfans-zaednicka