Денес на теренот на Академијата на ФК Вардар во Градски парк се одигра дербито помеѓу пионерите на ФК Вардар и скопскиот ривал ФК Шкупи 1927. Вардаровите момци предводени од Сашо Тодоровски Рап-Тап одиграа нерешено со сино-белите од скопски Чаир, резултатот на овој меч беше 1-1 (0-0). Ние дуелот го почнавме со следните 11 момци: Рамадани, Ѓурковски, Николов, Астарџиев, Манасиевски, Цури, Спировски, Илиевски, Ристовски, Хасановиќ и Игнатов.
Дуелот почна со цврста игра на двата пионерски состави, двете екипи во воведните 10.минути ги испитуваа силите на ривалот. Прва прилика на дуелот имаше Малик Хасановиќ чии удар беше блокиран од одбраната на ФК Шкупи. Опасно се заканивме по еден корнер, од десниот агол изведе Цури Аљдин тој одлично нафрли топката дојде до Илиевски Марио кој биеше одлично со глава, сепак голманот на ривалот Мељачи Амир беше на место. Во 28.минута голманот на сино-белите Мељачи играше со рака надвор од казнетиот простор, ние добивме слободен удар на 16.метри на средината од голот на противникот. Истиот го изведе играчот со број.5 во нашите редови Манасиевски Филип, за жал топката закачи во “живиот ѕид“ и не заврши во мражата на екипата од скопската населба Чаир. Гостите во продолжение се заканија со еден удар од 16-17 метра, топката идеше под гредата, но нашиот голман Рамадани Суфјан одлично со парада исфрли во прв корнер за противникот. Најголема прилика сепак во првиот дел ја имаа црвено-црните пионери, во 31.минута Малик Хасановиќ прими топка на 10сетина метри од голот на Мељачи се ослободи од својот чувар и шутна силно по земја, за среќа на ривалот нивниот голман успеаа со врвот од копачката да ја исфрли топката во поле. Во последните десет минути од овој пионерски дуел двете екипи играа цврсто на средината и немаше ниедна посебна прилика за одбележување.
Вториот дел почна цврсто со игра претежно на средината од теренот, на овa пионерско дерби. Појдовме во офанзива во продолжение, Малик Хасановиќ од десна страна имаше одличен продор опасно нафрли, а одбраната на Шкупи кратко исфрли. Топката стигна до Спировски Мартин кој умешно по земја крај Мењачи успеа да погоди за наша предност од 1-0 на овој дуел. По голот тргнавме поофанзивно, следна прилика имавме од слободен удар, одлично шутна Игнатов Леонид сепак голманот на сино-белите пионери успеја да ја скроти оваа топка. Потоа исто така од слободен удар се обидовме, Давид Ристовски нафрли од десна страна топката дојде до нововлезениот Асенов Давид кој биеше со глава, сепак ударот не заврши на вистинското место. Шкупи ни остави повеќе простор ние ја имавме топката, а тие беа во “бункер“ и се закануваа од контра-напади. По еден таков контра напад одлично шутна Идризи Меменд, но со фантастична одбрана нашиот голман Рамадани Суфјан го спаси својот гол. За жал во следната контра Јашари Шенол погоди за 1-1 на само 4.минути до крајот на овој дуел. Се обидовме во последните минути да го вратиме водството на мечот. Последна прилика имавме по слободен удар, Давид Ристовски нафрли настана карамбол играчите од двата состава се обидуваа да дојдат до топката, сепак на крајот одбраната успеа на крајот да исфрли во поле.
Дуелот заврши со поделба на бодовите на двете пионерски екипи и со резултат 1-1 на крајот.