Четири Вардарови генерации претстојниве два дена ќе бидат дел од детскиот фудбалски турнир во Нови Сад, во чест на прославениот голман, Илија Пантелиќ. На овој турнир учество ќе земат повеќе од 90 екипи Македонија, Романија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска и Србија. Промотори на манифестацијата се Драган Џајиќ, Мирзад Физлагиќ и Зорн Симовиќ. Свченото отварање на турнирот ќе биде вечерва од 19 часот.
Генерацијата на ФК Вардар родени “2005“ година кои се предводени од Ане Андовски се дел од групата А, во која ќе играат екипите на Петрика, Чивија и Радник Урије.
Вардаровата генерација “2007“ предводена од Томче Трајановски ќе се натпреварува со екипите на Спорто, Јувентус,Шабац и Петар Пуача.
На турнирот ќе учествуваат и генерацијата “2006“ на Сашо Јанев и “2008“ на Павел Неделковски.
Денес започнуваат натпреварите за нашите екипи на овој турнир.