Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Победа и нерешен резултат за најмладите Вардарци родени “2010“ година, во второто коло од детската лига
Победа и нерешен резултат за најмладите Вардарци родени “2010“ година, во второто коло од детската лига

Победа и нерешен резултат за најмладите Вардарци родени “2010“ година, во второто коло од детската лига

Победа и нерешен резултат за најмладата Вардарова генерација, дечиња родени “2010“ година во второто коло од детската лига.

vardarfans-1

Денес на терените на ФК Работнички избраниците на Зоран Петковски одиграа два натпревари. На првиот се сретнаа екипите на Вардар (1) и Форца. Во еден интересен натпревар со многу шанси на двете страни, на крајот двете екипи ги поделија бодовите, играјќи со нерешен резултат 1:1. По првото полувреме, црвено-црните имаа минимално водство од 1:0. Стрелец на голот беше Стефан Ристиќ, кој излезе сам се ослободи од противничкиот голман и ја смести топката во мрежата, за отварање на резултатот од 1:0.

vardarfans-neresen-rezultat-vardar-1

Овој резултат беше актуелен на полувреме. Се играше динамично на двете страни, екипите имаа желба за победа и се надигруваа на теренот. Во вториот дел, Форца го израмни резултатот на 1:1, по една наша грешка во одбраната. До крајот на натпреварот, Вардар се обидуваше да ја врати предноста, но голманот на Форца ги бранеше ударите. Можеби најзрелата шанса ја имаше Далибор Марковиќ, која остана неискористена. Можеби нерешениот резултат беше реален исход на овој меч, сепак Вардарци можеби беа поблиску до победата.

vardarfans-duel-so-forca

Во вториот натпревар на оваа генерација, Вардар (2) беше убедлив во дуелот со тимот на Њу Старс. Мечот го добивме со резултат 6:3. На денешениот дуел на овие две екипи блескаше Константин Трајков кој го отвори резултатот со гол од слободен удар, за водство на Вардар од 1:0.

vardarfans-konstantin

После отварањето на резултатот во прилика се најде и Петар Васовски, но ударот заврши покрај противничкиот гол. По една наша грешка на одбраната, каде непрецизно вративме топка до голманот, Њу Старс го искористи тоа наше невнимание и израмни на 1:1. До крајот на првото полувреме успеваме да постигнеме два гола и сите за Константин Трајков, кој веќе имаше хет-трик зад неговото име. На полувреме заминавме со водство од 3:1.

vardarfans-vardar-2

На стартот на второто полувреме Њу Старс постигнува гол и намали на 3:2. Сепак Вардар беше многу подобар на денешниот меч и до крајот таа улога ја оправда и на теренот. Нов гол постигнува Константин Трајков за водство на црвено-црните од 4:2. Постојано го напаѓавме голот на противникот и тоа донесе резултат, со два нови погодоци. Прв гол на денешниот меч за Петар Васовски, кој го зголеми резултатот на 5:2. Во листата на стрелци успеа да се запише и Лука Јосифовиќ кој му носи предност на Вардар од 6:2. До крајот на натпреварот гол и за Њу Старс, за конечен резултат од 6:3 на овој меч, кој изобилуваше со многу шанси и голови.

vardarfans-vasovski