Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Пом.пионери на Вардар со “фудбалска лекција“ за ФК Шкупи
Пом.пионери на Вардар со “фудбалска лекција“ за ФК Шкупи

Пом.пионери на Вардар со “фудбалска лекција“ за ФК Шкупи

Денес на теренот на Академијата на ФК Вардар во Градски парк се одигра дербито помеѓу помладите пионери на ФК Вардар и скопскиот ривал ФК Шкупи 1927. Вардаровите момци предводени од Сашо Тодоровски Рап-Тап дојдоа до висока и убедлива победа во дербито со резултат 4-0 (3-0). За нас стартуваа следните момци: Станковски, Хасани, Асани, Костовски, Крстевски, Речица,Трајановски, Омерагиќ, Стојановски, Салиу и Гугуљанов.

bb3

Ние по првиот судиски свиреж тргнавме офанзивно со цел рано да го отвориме овој дуел со погодок и да го контролираме резултатот. Веќе во 4.минута успеавме да погодиме за 1-0, стрелец на голот за прво водство беше Омерагиќ Азер. Токму тој играч веднаш по голот имаше прилика и за нов погодок, сепак ударот заврши крај голот на Река. Потоа имавме уште една прилика овој пат преку Фисник Салиу чии удар го одбрани голманот на ФК Шкупи. Постојано бевме во офанзива на овој дуел се редеа шанси пред голот на сино-белите. Тие во 14 минута по една контра шутнаа силно преку Идризи сепак одлична интервенција имаше нашиот голман Марко Станковски. Добивме слободен удар на 20 метри, силно шутна Фисник Салиу, голманот на ривалот Река Хамди кратко одби во поле на топката натрча Крстевски Виктор кој погоди во небранетата мрежа за удвојување на нашето водство, 2-0. По голот кратко Шкупи имаше офанзива сепак нашиот голман Станковски беше сигурен одбрани еден удар, пресече две опасни топки и недозволи да се намали нашето водство. Следеа минути на црвено-црните две прилики имаше Омерагиќ Азер. Во првата шутна од 10 метра крај голот, во втората Река исфрли во корна по удар од само 4-5 метра на Омерагиќ Азер. По изведување на корнерот екипата на Шкупи исфрлаше уште двапати во корна, сепак иако опасни од овие три корни не погодивме. Нашата офанзива сепак до крајот на првиот дел беше наградена, одигравме брза контра, одлично се трансформиравме од обдбрана во напад, топката дојде до Омерагиќ Азер кој погоди силно по земја за 3-0 резултат со кој се отиде на одмор на овој натпревар.

bb2

Вториот дел почна како што заврши првиот со офанзива на црвено-црниот помлад пионерски состав. Нашите момци имаа повеќе од играта во првите воведни 10.минути од вториот период. Прва прилика имавме преку нововлезениот Радуловиќ-Величковиќ кој шутна по изведен корнер од десната страна, одлично му нафрли Трајановски Дамјан. Успеавме да погодиме во продолжение и за 4-0, стрелец на голот по една мешаница за нас беше Салиу Фисник. По голот Тодоровски ги уфрли од клупата сите останати играчи, играа уште  на овој дуел во вториот дел и Величковски, Марков, Фазљиу, Тодоровски, Симев и Кузевски.

bb4

По постигнатиот гол, високото водство и големиот број на промени следеше период во кој имаше мирна игра на теренот, сепак поседот беше на наша страна во тој период од дуелот. Се обидувавме во продолжение да погодиме за “петарда“. Во последните пет минути имавме две прилики за одбележување. Во првата Атом Фазлиу од 15.метра се обиде сепак неговиот силен удар по земја мина крај десниот дирек. Последна прилика на овој дуел имаше Омерагиќ Азер кој од 12-13 метра погоди крај голот на Река.

bb5

Со оваа победа од 4-0 дојдовме до четвртата победа од пет одиграни кола, оваа генерација останува непоразена.