Wednesday ,01 May 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Куглање: Вардар во клучниот дуел се надмина и го совлада ГТЦ
Куглање: Вардар во клучниот дуел се надмина и го совлада ГТЦ

Куглање: Вардар во клучниот дуел се надмина и го совлада ГТЦ

Заврши сезоната во МКЛ, Макаедонската кугларска лига, во последното коло на клучниот меч Вардар оствари значајна победа. По тој повод на официјалната нивна страница дадоа свое видување, тие велат:
Конечно заврши најтешката сезона за нашиот клуб од сите аспекти. Одлив на играчи кои си го побараа лебот надвор од државава, повредени, оперирани, дополнително млади без вакцинален сертификат… сезона во која од 18 играчи и два тима од кој едниот стана македонски шампион лани, се сведовме на едвај 7-8 куглари. Без 4 носители на играта од ланскиот шампионски состав, оваа година успеавме да го освоиме третото место во МКЛ што е своевиден успех кога ќе се соберат на куп сите проблеми кои не пратеа.
Во денешниот круцијален натпревар против директниот конкурент ГТЦ Мусандра во кој баравме победа повисока од 6:2 и 13:11 во сетови, се издигнавме кога беше најпотребно и извојувавме победа од 7:1 со која го достигнавме респектабилното 3 место во МКЛ.
Следува период за одмор, сумирање на впечатоците, учење од грешките и припрема за многу подобра наредна сезона.
Еден живот, една љубов!
.
Честитки за вардарци кои на вчерашниот дуел успеаа да се издигнат. На дуелот Димитровски Дарко повторно блесна, собори 535 „дрва“, покрај него поентираа Тодоровски, Ристовски, Митиќ и Ѓорѓиовски.