Кугларскиот тим Вардар го заврши дебито за нив на европска сцена со повеќе од солиден пласман на НБЦ- купот во Австрија. Овој европски собир за нашите црвено – црни куглари траеше од 29 септември до 1 октомври. Вистинско искуство за ова екипа беше натпреварувањето во овој куп со тимови кој зад своето име имаа и европски титули од минатото.
Пласманот на нашите момци слободно може да кажеме дека е повеќе од задоволителен тие се пласираа во првата половина од 24 екипи колку што се имаше учесници на овој куп. Нашите момци се најдоа во првата половина од 1-12 место, тие го заземаа 10 место со кое зад себе оставија 14 екипи со послаб скор на овој континентален собир. За одличјата на овој НБЦ-Купот имаа можност да се борат првите четири екипи . Дебито е успешно и вардарци до последниот ден имаа шанси да направат исчекор и да се пласираат во Ф-4 сегментот. Особено стартот на вардарци беше блескав Бојан Влаќевски во првата серија имаше фантастични 619 “соберени дрва„ што во тој момент беше прв резултат. Како одминуваше натпреварувањето нашиот екипен пласман паѓаше и на четвртиот играч бевме 12сети, до крајот со поголема концетрација и со добриот настап на Димитар Димитровски со 591 “собоени дрва“, успејавме на крајот од турнирот да се пласираме за на нас одличното 10 место од 24 учесници што за дебитанти е повеќе од големо признание дека овој тим има потенцијал за во иднината. Наскоро ќе почнат возбудувањата во Македонската кугларска лига каде годинава атакуваме на ништо помалку освен Титулата “Шампион на Македонија“. Најистакнати поединци во редовите на црвено – црните во Австрија беа Бојан Влаќевски и Димитар Димитровски.