Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Акад. Пандев е противник за Вардаровите генерации, во 7 првенствено коло
Акад. Пандев е противник за Вардаровите генерации, во 7 првенствено коло

Акад. Пандев е противник за Вардаровите генерации, во 7 првенствено коло

Викендов ќе се одиграат натпреварите од 7 коло во рамките на првенството, кај младинските категории. Противник на црвено-црните, ќе биде екипата на Академија Пандев од Струмица. Сите наши генерации ќе се обидат да ја продолжат победничката серија, од претходното коло кога бевме поуспешни од Шкупи.

-Помладите пионери на домашниот терен на локомотива ги пречекуваат своите врсници од А. Пандев. Нашите момци се апсолутни фаворити на овој дуел и се освен победа ќе биде неуспех за оваа генерација. Со истиов противник имавме можност да се сретнеме пред десетина дена во рамките на 1/8 од купот на Македонија. Тој меч заврши со триумф на Вардарци од 1:3, по што се пласираа во следната рунда на ова натпреварување. Натпреварот ќе се игра во недела со почеток од 10 часот.

-После победата против Шкупи, на гостински терен во Чаир, пионерите ги очекува нов предизвик во лигата. Ова ќе биде исто така втор дуел на овие две екипи за десет дена. Во рамките на националниот куп, пионерите на Фк Вардар се вратија од гостувањето во Струмица, со убедлив триумф од 0:6. Нешто слично треба да гледаме и на неделниот натпревар, кој ќе се одигра на теренот на локомотива. Мечот е закажан да се одигра од 12 часот.

-Кадетите ќе се обидат да ја впишат шестата првенствена победа во новата сезона. За тоа да се случи ќе треба да ги победат своите врсници од А.Пандев на теренот во Струмица. Дуелот помеѓу кадетските екипи ќе се одигра во сабота со почеток од 11 часот.

-Свој првенствен натпревар во ова коло, ќе имаат и нашите младинци. Минатото коло бевме поуспешни од екипата на Шкупи, со резултат 3:0. Екипата се наоѓа во добра форма и подготвени ќе го дочекаат гостувањето во Струмица. Натпреварот се игра утре со почеток од 13 часот.