Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Рк Вардар 2, гостува во Богданци на екипата на Младост

Рк Вардар 2, гостува во Богданци на екипата на Младост

Екипата на Рк Вардар 2 продолжува со настапите во првата ракомена лига. Следен противник за црвено-црните е екипата на Младост. Овој меч ќе се одигра денес со почеток од 14 часот во салата во Богданци. После две одиграни кола, избраниците на Стојан Петрушевски се наоѓаат на првото место на табелата.

Вардар, ХЈС Работник, Струга и Македонија Ѓ.П. се единствените екипи со максимални 6 освоени бодови. Сепак нашите момци поради најдобрата гол разлика се наоѓаат на чело на табелата. Младост има една победа и еден пораз, во првите два натпревари. Ние претходно забележавме триумфи против Риниа-М и екипата на Тиквеш од Кавадарци.