Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > РК Вардар јуниор денес го пречекува Пелистер во обидот да дојде до прва победа во Супер лигата
РК Вардар јуниор денес го пречекува Пелистер во обидот да дојде до прва победа во Супер лигата

РК Вардар јуниор денес го пречекува Пелистер во обидот да дојде до прва победа во Супер лигата

Младите вардарци има лош старт на дебитанската сезона во Супер лигата тие на двата воведни мечеви претрпееа порази. На дебито во С.р.ц “Кале“ беа поразени убедливо од поискусниот суперлигаш Металург, а во второто коло на гостувањето во Радовиш кај истоимениот тим беа несреќно поразени со минимален резултат. Нашите надежи изгубија со еден гол, крајниот резултат на ова соочување беше  24-23, а на полувремето имавме активен резулат кој гласеше 13-13.

Денеска избраниците на Пепи Манасков ќе се обидат да дојдат до првата победа во суперлигашката конкуренција тие во С.р.ц “Кале“ го пречекуваат тимот  на РК Пелистер од Битола. Овој дуел е закажан со почеток во 17-00 часот. За младите ракометари на црвено – црните секој натпревар во најсилната ракометна лига во земјата Супер лигата е непроценливо искуство, во создавањето на идни македонски репрезентативци и ракометари за првиот тим. Еден од членовите на Вардар јуниор Мартин Манасков денеска се најде на прелиминарниот список на селекторот на машката сениорска репрезенација за Европското првенство во Полска-2016.