Нашите момци го одработија првиот тренинг во “Кристијанштад арена“. Салата во која во недела ќе го играат дуелот со истоимениот шведски претставник во ЕХФ лигата на ракометни шампиони. Црвено – црните вчера полетаа од Скопје до Виена, а отаму до Копенхаген со авион. По слетувањето на аеродромот во Копенхаген со автобуски превоз се упатија до Кристијанштад.
Дуелот со Кристијанштад е закажан за недела во 16-30 часот и од истиот ќе може да се проследи директен пренос на МТВ-1. Шпанскиот стручњак на клупата на Вардар Гонзалес отпатува на ова гостување со 16 играчи, во Скопје останаа Марсениќ и Лазаров, а Ангелов доби шанса на сметка на Милиќ кој остана во Македонија да патува како резерва на Штербик. Првиот тренинг беше наменет само за привикнување на подлогата и размрдување од напорното патување, а вечерва во терминот на утрешниот меч црвено – црните ќе одржат уште еден последен тренинг пред дуелот во кој со победа ќе го заземе првото место во нашата група.