Европската ракометна федерација за дуелот во третото коло помеѓу домаќинот Кристијанштад и нашиот црвено – црн ракометен колектив делегираше судиска двојка која доаѓа од Турција. Курсад Ердоган и Ибрахим Оздениз ќе ја делат правдата на дуелот во Шведска.
На неделниот дуел кој е со почеток во 16-30 делегат на натпреварот ќе биде норвежанецот Јан Т. Лауритзен. Како што веќе на неколку наврати напоменавме со победа ја заземаме лидерската позиција во Б-групата од квалитетниот сегмент на ЕХФ лигата на шампионите. Кристијанштад гостуваше во Скопје во рамки на “Турнирот Вардар“ каде нашите момци се сретнаа со швеѓаните во финалето и со убедлива го победа од 32:24 заземаа првата позиција на подготвителниот турнир.