Утрешното гостување на ФК Вардар кај кратовски Силекс е последен дуел од првиот круг во македонската прва фудбалска лига. Црвено-црните со утрешното соочување ќе имаат одиграно со сите прволигашки тимови по еден дуел. Следното 10 коло гостуваме во Чаир кај тимот на ФК Слога екипа со која се сретнавме во дебитанското прво коло на домашен терен, меч кој заврши неповолно за нас со краен резултат 2:2.
Вардар во моментот иако не е лидер на табелата во најквалитетната македонска фудбалска конкуренција, е единствен тим во првата лига кој незнае за пораз. Вардарци имаат 6 победи и 2 реми исхода во изминатите кола. И понатаму ја имаме најефикасната одбрана со само 5 примени гола и најдобар скор во категоријата “гол разлика“ со позитива од дури 16 голови. Во домашниот шампионат по утрешното 9-то коло следи двонеделна пауза се до 18-ти октомври поради настапи на македонската А-селекција во квалификациите за претстојното европско првенство. Вардар по незгодното гостување кај ФК Слога на Чаир во следниот меч дома ја пречекува екипата на Шкендија. Овој меч е повеќе од обичен дуел, ова е дуел за врвот на табелата за исчекор кон титулата. Дуелот со тетовските црвено – црни по распоредот е закажан за 25-ти октомври на Националната Арена Филип втори.
Мечот во Кратово помеѓу ФК Силекс и ФК Вардар е закажан со почеток во 15-00 часот.