Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Дибиров: Сѐ уште не сме покажале сѐ што можеме и допрва треба да влеземе во ритамот кој го посакуваме
Дибиров: Сѐ уште не сме покажале сѐ што можеме и допрва треба да влеземе во ритамот кој го посакуваме

Дибиров: Сѐ уште не сме покажале сѐ што можеме и допрва треба да влеземе во ритамот кој го посакуваме

Продолжуваат настапите во лигата на шампионите за екипата на Рк Вардар. Следен противник е тимот на Кристијанштад од Шведска. Овој дуел ќе се одигра утре со почеток од 16:30 часот со директен пренос на МРТ-1. Вардарци веќе пристигнаа и го одржаа првиот тренинг во арената каде ќе се одигра овој меч. За официјалниот сајт на клубот, Тимур Дибиров ги споделува очекувањата за овој натпревар.

-Очекувам тежок натпревар, сигурно нема да биде како оној во август на пријателскиот турнир, сигурно ќе биде тешко. Никој не очекуваше Кристијанштад вака да ја почне сезоната. Одиграа добар натпревар со Колдинг, а добро се држеа и со Барселона. Сигурно имаат веќе фатено некој ритам и подготвени се да дадат сѐ од себе во Лигата на шампионите. Но ние мора да знаеме дека имаме силен тим кој може да ги решава сите задачи и надвор и на гости и дома. Ние секаде ќе одиме на победа, без разлика што ќе биде навистина тешко.

Црвено-црните се во неверојатна серија од 13 последователни победи во новата натпреварувачка сезона. Очекуваме истата да продолжи и на утрешниот дуел.

-Имаме сили и имаме потенцијал кој треба да го реализираме. Сигурно дека нашата игра оди во нагорна линија. Сѐ уште не сме покажале сѐ што можеме и допрва треба да влеземе во ритамот кој го посакуваме, изјави Дибиров.