Најдобриот стрелец во ЛШ досега, доаѓа такму од екипата на Кристијанштад, утрешниот противник на РК Вардар. Станува збор за играчот со број 7 Бјорнсен Кристијан. Овој играч досега има постигнато 20 погодоци во ЛШ и со самотоа тоа е на лидерската позиција на листата на најпрецизни стрелци.
Нашата одбрана, и голманот Арпад Штребик се чини ќе треба да обрнат највеќе внимание на овој прв стрелец во екипата на шведскиот тим. Инаку Бјорнсен досега им даде 9 гола на Колдинг, и дури 11 на Европскиот првак, екипата на Барселона. Ова е доволен показател од каде ќе доаѓа најголемата опасност по црвено – црниот гол.