Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Небојша Симиќ за Вардар Фанс: Најголема опасност за нашиот тим е секако Арпад Штербик
Небојша Симиќ за Вардар Фанс: Најголема опасност за нашиот тим е секако Арпад Штербик

Небојша Симиќ за Вардар Фанс: Најголема опасност за нашиот тим е секако Арпад Штербик

Нема многу одмор за избраниците на Гонзалес, кои веќе утре го играаат мечот во рамките на 3 коло од лигата на шампионите. Следен предизвик е екипата на Кристијанштад од Шведска. Веќе имавме можност да ги одмериме силите со Шведскиот првак, за кој ова е прва сезона во најголемото натпреварување. Имавме можност да разговараме со голманот на Кристијанштад, Небојша Симиќ. Тој е син на Горан Симиќ, кој работи како тренер на голманите во Вардар.

-Очекувам голема борба на теренот, имаме добра атмосфера во арената и добра публика. Многу сме силни кога играме на домашен терен. Ова ќе биде многу различен натпревар од оној во Скопје, бидејќи се работи за дуел во лигата на шампионите, кој носи бодови. Тоа беше подготвителен турнир на кој испробувавме различни тактики и ротации и се обидувавме да ја пронајдеме вистинската игра. Се уште бевме во подготвителен период каде се почуствуваше замор од тие напорни тренинзи. Сега е друга работа, воиграни сме играме на свој терен и ова ќе биде многу тежок меч.

Црвено-црните имаат убава можност со победа, да бидат на првото место на табелата. Кристијанштад има една победа и пораз, по првите две одиграни кола.

-Вардар е секако фаворит но ние ќе направиме се што е во наша моќ да останат бодовите кај нас. Се надевам дека тоа ќе го оствариме  со поддршка од нашите навивачи. Вардар е силна екипа со добар тренер и најдобар голман на светот. Имаат брза игра со многу ротации и јака одбрана. Нивната игра многу често се заснова преку пикерите, кои се доста квалитетни.

Ова ќе биде дуел на двајца квалитетни голмани. Од едната страна го имаме младиот Симиќ кој се наоѓа во одлична форма. На предпоследниот натпревар во својата лига, имаше неверојатни 27 одбрани и беше најзаслужен за триумфот на својот тим. Неговата сила ја почуствуваа и играчите на Барселона, против кој забележа 15 одбрани. Успеаа да одбрани дури еден седмерец на нашиот Кирил Лазаров. Од другата страна на нашиот гол го имаме најдобриот во свет Арпад Штербик, кој брани одлично во новата сезона.

-Најголема опасност за нашиот тим е секако Арпад Штербик. Ако брани како што тој знае и умее, нашите шанси да направиме изненадување се многу мали. Тој има констатна форма без падови во играта. Мислам дека во моментов е најдобар голман во светот. Покрај Омејер во последниве десет години беа на она потребно ниво за еден голман. Ќе играм против  една легенда и ќе се обидам да дадам се од себе, иако не е реално да се споредувам со Арпад. Мојата цел во животот е да станам токму тоа што во моментов е Штербик, изјави Небојша Симиќ за Вардар Фанс.

Звонко Ивановски