Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Три бода за младинците на Фк Вардар, од гостувањето во Струмица
Три бода за младинците на Фк Вардар, од гостувањето во Струмица

Три бода за младинците на Фк Вардар, од гостувањето во Струмица

Денес се одигра 7 коло во првенството помеѓу младинските екипи на Академија Пандев и Вардар. На теренот во Струмица, поуспешни беа црвено-црните, совладувајќи го домаќинот со резултат 2:3. Виктор Димков, Јасир Беќири и Ердон Даци беа стрелци на головите за Вардар.

Избраниците на Љупчо Марковски извлекоа три бода од тешкото гостување во Струмица. Во еден квалитетен натпревар со период на доминација на двете страни, сепак на крај нашите надежи успеаа да забележат триумф. Натпреварот добро започна за црвено-црните кои имаа предност и од 0:2. Првиот гол беше дело на Димков, кој најдобро се снајде при еден центар шут на неговите соиграчи. Биеше со нога за отварање на резултатот на овој меч. Вардарци продолжија да играат добро, што резултираше и со втор погодок во мрежата на домаќинот. Јасир Беќири беше стрелец, за веќе солидна предност од 0:2. До крајот на првото полувреме, противникот успеа да го намали резултатот на 1:2, со кој се замина на пауза.

Следуваа интересни втори 45 минути, со голема борба за секоја топка на теренот. Двете екипи пропуштија неколку прилики да постигнат гол, но сепак наредната во погодок ја претворија А. Пандев кој на голема радост на домашната публика го израмнија резултатот на 2:2. Во тие моменти психичката предност беше на страната на Струмичани, кои успеаа да се вратат од негативата. Тоа не ги обезхрабри нашите младинци да го продолжат натпреварот во силно темпо. Се играше 82 минута, кога Вардарци успеаа да постигнат трет гол и да го постават конечниот резултат. Погодокот вреден три бода беше дело на напаѓачот Ердон Даци. До крајот немаше многу време за домаќинот повторно да се врати во игра. Трите бода заслужено ги освоија црвено-црните, со оглед дека ова беше тежок натпревар против квалитетната екипа од Струмица.

Фк Вардар: Ѓорѓиоски, Исмаил, Јошевски, Цукалевски, Ричков, Личина, Димитровски, Додевски, Димков, Беќири и Даци.