Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Нови победи за Фк Вардар генерација “2006“ во второто коло на детската лига
Нови победи за Фк Вардар генерација “2006“ во второто коло на детската лига

Нови победи за Фк Вардар генерација “2006“ во второто коло на детската лига

Денес се играше второто коло во детската лига на најмладите категории. Фк Вардар генерација “2006“ забележа две нови победи во оваа лига. Како што знаеме, избраниците на Игор Кралевски настапуваат со две свои екипи во ова натпреварување.

Најпрво на теренот на ФФМ излезе првата екипа на оваа генерација, која оствари триумф од 3:2 против екипата на New star. Давид Голубов постигна два гола, еднаш во листата на стрелци се запиша Максим Цониќ. Натпреварот се игра во две полувремиња, по вкупно 20 минути.

-Оваа екипа настапи во следниов состав: Андреј Данчевски, Михаил Николов, Филип Цветковски, Андреј Стевковски, Давид Голубов, Дамјан Крстевски, Максим Цониќ, Филип Цветковски, Никита Патаровски и Милош Спасовски.

Веднаш после нив свој натпревар одиграа и вторите тимови на истиве екипи. Повторно поуспешни беа нашите млади момчиња, овој пат многу поубедливо. Конечниот резултат гласеше 4:0. Целосна доминација на црвено-црните, резултатот беше реален за она што се случуваше на теренот. Стрелци на головите беа Михаил Танчев (2) и Милош Проковиќ (2)

-Вториот тим на Фк Вардар ген. “2006“ играше со следниве фудбалери: Лука Јаневски, Андреј Стефковски, Милош Проковиќ, Данил Ордевски,, Иван Блажевски, Михаил Танчев  Рамадани Бурак, Филип Спасовски, Максим Митровски, Ангел Крстевски .

Оваа генерација има забележа вкупно четири победи, по одигрување на првите две кола. Во првото коло бевме подобри од екипите на Башкими и Викторија.