Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Раул: Сакам да победиме, за да го завземеме лидерското место во групата-Б
Раул: Сакам да победиме, за да го завземеме лидерското место во групата-Б

Раул: Сакам да победиме, за да го завземеме лидерското место во групата-Б

Избраниците на шпанскиот тренер на клупата на црвено – црните со евентуална победа на мечот во Шведска ќе го завземат врвот на табелата во нашата група. За оваа шанса и дуелот со Кристијанштад  во гости, стратегот на нашиот тим   Раул Гонзалез во изјавата за клупскиот сајт:

Нашата екипа е подготвена, меѓутоа играме на гости и тоа секогаш е многу потешко отколку дома. Мора да ја подобриме играта во напад, да бидеме подобри отколку со ПИК Сегед. Сакаме да победиме затоа што Рајн-Некар и Кјелце одиграа нерешено и со победа ние ќе бидеме прво место, а тоа би било одлично

Раул подсетува дека противникот со кој се сретнавме на домашен терен во рамки на “Турнирот Вардар е квалитетен тим и дека овој  “шампионски“ дуел е сосема различен од подготвителниот и дека не чека сериозна задача. Гонзалез во продолжениее вели :

Различно е кога играш пријателски натпревар. Тогаш сите ракометари влегуваат во игра, никогаш не го гледаш семафорот, гледаш само да игра добро екипата, да ја подобриш формата пред Лига на шампиони. И Кристијанштад е различен сега од тој турнир. Против Колдинг играше одлично, иако победи со седум разлика во натпреварот водеше и со 10 гола“