Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Браво! РК Вардар јуниор ја оствари првата победа во Суперлигата и тоа против Пелистер
Браво! РК Вардар јуниор ја оствари првата победа во Суперлигата и тоа против  Пелистер

Браво! РК Вардар јуниор ја оствари првата победа во Суперлигата и тоа против Пелистер

Избраниците на Пепи Манасков ја доживеа првата победа во најсилната ракометна лига Супер-лигата во дебитанската сезона за овој млад ракометен колектив. Во С.р.ц. “Кале“ му нанесоа пораз на тимот на РК Пелистер од Битола.

Црвено – црните во третиот меч по двата неуспеха против Металург и Радовиш конечно го крунисаа својот труд со “цел плен“ . Очигледно некогашниот македонски шампион и освојувач на купот на земјава не е доволно силен и за нашиот младински погон. Младите вардарци водеа во тек на целиот меч со 3-4 голови освен во финишот кога битолските зелено- бели намалија и се обидоа да извлечат барем бод, но резултатот на крајот на семафорот во Кале гласеше 24:23. Резултатот на полувреме гласеше 13:12.

Вардар јуниор: Чаневски, Костовски, Спасовски, Недановски 5, Георгиевски, Тренчевски 2, Чурлевски 5, Ангелов, Ивановски, Јовчевски 1, Андовски 6, Симиќ, Ристов, Манасков, Поповски, Вујачиќ.

Фото: Маја Јаневска-Илиева