Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Од понеделник се пуштаат билети во продажба за дуелот со Рајн Некар
Од понеделник се пуштаат билети во продажба за дуелот со  Рајн Некар

Од понеделник се пуштаат билети во продажба за дуелот со Рајн Некар

Од понеделник на билетарницата во нашиот спортски храм  Јане Сандански ќе може да се купат билети за натпреварот меѓу Вардар и Рајн Некар Ловен. Ова е дуел во четвртото коло од Б групата на Лигата на шампиони и втор на домашен терен. Мечот е закажан  на 10 октомври, во 17:30 часот.

Цените на билетите се следните:
Стоење – 150 денари
Трибини 1, 2, 9, – 300 денари
Трибини А1/Б1 – 250 декари
Централни трибини – 400 денари

Продажбата на билети ќе се одвива само на билетарницата на СЦ „Јане Сандански”, секој работен ден од 10 до 18 часот.

Дополнителни информации за продажбата на билети можете да добиете на телефонскиот број + 389(2) 2 40 19 80, како и на www.info@ticketplus.mk и www.rkvardar.com.mk