Клубот со најдобра младинска школа во земјава Вардар минатиот викенд беше гостин на Црвена Звезда. „Црвено-црните“ заминаа во Белград со три генерации кошаркари и тоа со генерациите 2004, 2005 и 2006. Одиграа седум натпревари, забележаа четири победи, но тие беа ставени во втор план.
„Воопшто не ни беа важни резултатите, пред се е искуството кое овие млади кошаркари го стекнаа низ дуелите со своите српски врсници. Наш домаќин беше Црвена Звезда која прекрасно не пречека и целиот престој во Белград направи да биде незаборавен. Освен со Звезда, игравме уште со Партизан, ИБЦ Белград и Нови Београд, а особено во сеќавање ќе ни останат дуелите со Партизан кои се играа на легендарните терени на Калемегдан. Целта на овие натпревари, освен искуството, беше подготовка за новата сезона во младинските лиги- изјави за basketball.mk тренерот Никола Данев.
Ова не е прво гостување на младинските категории на Вардар надвор од Македонија. “Црвено-црните” постојано учествуваат на турнири во странство каде бележат одлични резултати, а се истакнуваат и младите кошаркари од оваа школа.