Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Милица Николиќ: Ние сме млада екипа, која што допрва треба да стекнува искуство
Милица Николиќ: Ние сме млада екипа, која што допрва треба да стекнува искуство

Милица Николиќ: Ние сме млада екипа, која што допрва треба да стекнува искуство

Вториот тим на ЖРК Вардар одигра со нерешен резултат (29:29) на гостувањето против Гевгелија, во рамките на второто коло од супер лигата. Со многу резултатски пресврти на крајот двете екипи ги поделија бодовите. Имаа младите Вардарки и три голови предност во завршните минути, но Гевгелија целосно се врати, па дури и успеа да поведе. На крајот Јуниор се избори за погодок и за нерешен резултат. Милица Николич беше дел од составот кој го предводи Симе Симовски и дуелот го заврши со два постигнати голови. За нашиот сајт, Николиќ ги сподели впечатоците од натпреварот со Гевгелија.

-Натпреварот за жал заврши нерешено, нападот ни функционираше добро но во одбраната имавме доста грешки. Имавме можност и за победа, но поради некои наши грешки, домашната екипа го израмни резултатот, па дури и поведе, по што моравме да стигаме негатива. Овој дуел иако заврши без победник мислам дека изигравме добра утакмица, секако млада екипа сме која што допрва треба да стекнува искуство. 

На почетокот на сезоната, Николиќ го засили Вардар Јуниор откако пристигна од екипата на Металург. Таа се надева на добри игри во дресот на Вардар и висок пласман на крајот од сезоната во супер лигата.

-Можам да кажам дека екипата одлично ме прифати и лесно се вклопив во играта што ја бара нашиот тренер Симе Симовски. Имаме цела сезона пред нас да се докажуваме на секој меч и да освојуваме бодови, со што би се бореле за највисок пласман на крајот од лигата. Се надевам дека на следната утакмица против екипата на Овче Поле ке ги добиеме бодовите и дека до крајот ќе го дадеме максимумот и ке покажеме се што знаеме.

Звонко Ивановски