Илија Апостоловски е новиот голман во младинските категории на фудбалскиот клуб Вардар. Тој дојде на почетокот на новата сезона од екипата на ГФК Неготино. Висок е 1.73 см што е голема реткост за неговата возрасна генерација родени “2005“ година. Ги освои симпатиите на тренерот Слободан Мутибариќ кој го препозна на турнирот “Гази Баба куп 2017“ и го повика да биде дел од Вардар. Веќе го имаше своето деби за Вардаровата генерација “2005“ во детската лига и на турнирот во Нови Сад, на кој со Вардар го освои првото место и доби награда за најдобар голман. Во следново интервју ве запознаваме токму со младиот и талентиран голман, Илија Апостоловски.
1. Како се случи да се занимавате со фудбал и зошто баш на позицијата голман ?
-Кога имав седум години се појави желба да бидам фудбалер и почнав да тренирам во ГФК Неготино, но за кратко време кај мене се појави друга желба а таа беше да застанам помеѓу стативите и да станам голман.
2. На колку години започнавте да браните, кој беше вашиот прв клуб и тренер со кој работевте ?
-На 9 години почнав да бранам за екипата на ГФК Неготино од Неготино, предводен од тренерот Зоран Недев.
3. Како се случи да преминете во Вардар и тоа во генерацијата родени “2005“ година. Какво беше чуството кога добивте повик да бидете дел од најдобриот клуб во Македонија ?
-Во вардаровата 2005 генарација дојдов веднаш после меѓународниот турнир “Гази Баба Куп 2017“каде што тренерот Мутибариќ беше присутен и истиот ме забележал на моите настапи за мојата екипа, па по завршувањето на турнирот ми понуди да започнам да бранам за ФК Вардар 2005 ген. Во прв момент кај мене имаше измешани чувства и мала збунетост, но и голема радост дека сум повикан да настапувам токму за најдобриот тим во нашата држава. По кратки разговори помеѓу татко ми и тренерот Мутибариќ договоривме се и од наредниот ден кој беше последен за трансфер веќе станав член на Фк Вардар.
4. На турнирот “Илија Пантелиќ“ го освоивте првото место. Какви се впеачатоците од целокупниот турнир ?
-На турнирот во Нови Сад освоивме 1 место со мојата генерација “2005“. Јас бев прогласен за најдобар голман, а мојот соиграч Гаштаров беше прогласен за најдобар играч. Впечатоците се позитивни, противничките екипи дадоа се од себе во меѓусебните натпревари и истите се за почит. Сместувањето и организацијата беа супер, а исто и дружбата со сите фудбалери од ФК Вардар и другите екипи.
5. На крајот бевте прогласен за најдобар голман. Дали го очекувавте дека ова признание ќе заврши во вашите раце ?
-По одигрување на финалните натпревари добив награда за најдобар голман, а потајно и ја очекував поради тоа што имав примано само еден гол од сите одиграни натпревари на турнирот. Наградата ми значи многу, а не е прва и се надевам дека ќе се редат уште многу повеќе, секако во дресот на Вардар.
6. Како е да се работи со Слободан Мутибариќ, како поминува еден тренинг со него ?
-Со мојот драг и харизматичен тренер е прекрасно да се работи тој е голем професионалец во својата област. Тренингот започнува секогаш во една релаксирачка атмосфера но сепак професионална со разно разни вежби и мајстории од нашиот тренер Мутибариќ.
7. Убедливо ја започнавте сезоната во детската лига, каде го браните трофејот од минатата сезона. Дали може Вардар повторно да биде на врвот во оваа генерација ?
-Новата сезона во детската лига ја започнавме со една голема победа од 28:0 и убеден сум дека сите заеднички ќе продолжиме да играме во победнички ритам како што било и пред тоа. Нема да дозволиме да ги разочараме нашите тренери Ане Андовски и Бобан Мутибариќ. Ќе покажеме дека Вардар е најдобар во Македонија, а тоа се постигнува со многу труд, посветеност и работа во текот на целата сезона.
8. Дали Илија има свои голмански идоли ?
-Идоли ми се голманот Јан Облак на Атлетико Мадрид и голманот од нашата А селекција, Давид Нилсон.
Звонко Ивановски