Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Вардар – ФТЦ низ директен ТВ пренос
Вардар – ФТЦ низ директен ТВ пренос

Вардар – ФТЦ низ директен ТВ пренос

Вардарки денеска официјално ја отвараат новата сезона во ракометната Лига на шампиони. И оваа сезона, целите на Вардар се јасни, атак на толку посакуваното прво место и освојување на драгоцениот пехар во ЛШ. Изминатите години титулата на Вардарки им избега за малку, па се надеваме дека токму оваа сезона е сезоната на Вардар.

Составот е изменет, Вардар со Цвијиќ и Кузнецова како главни засилувања ќе атакува на највисок пласман. Прва пречка е тимот на ФТЦ Реил Карго од Будимпешта, овој натпревар ќе биде одигран вечерва со почеток во 19 часот, сите оние кои нема да бидат во сала, директен ТВ пренос ќе можат да проследат на МТВ – 1.