Двајца играчи на ФК Вардар се наоѓаат во стартниот состав на ерменската репрезентација, во дуелот со селекцијата на Полска. Во моментов Полска има предност од 1:4, а единствениот гол за Ерменија го постигна десниот бек на Вардар, Ховханес Хамбарџумјан. Инаку во стартниот состав се наоѓа уште еден играч на црвено-црните, тоа е Тигран Барсегјан, кој е најистурен напаѓач во составот на Ерменија за овој дуел. Вчера Хамбарџумјан го прослави својот 27- ми роденден.