Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Четворица играчи на ФК Вардар дел од репрезентацијата до 19 години на контролните натпревари во Словенија
Четворица играчи на ФК Вардар дел од репрезентацијата до 19 години на контролните натпревари во Словенија

Четворица играчи на ФК Вардар дел од репрезентацијата до 19 години на контролните натпревари во Словенија

Четворица играчи од фудбалскиот клуб Вардар се наоѓаат во Словенија со младинската репрезентација до 19 години преводена од Вујадин Станојковиќ, каде утре и во сабота ќе одигра контролни натпревари со селекциите на Саудиска Арабија и Бахреин.

Тодор Тодоровски, Филип Антовски, Филип Стојчевски и Бојан Колевски се играчите од Вардар кои ќе настапат за Македонската репрезентација на овие пријателски натпревари. Освен Антовски, останатите тројца имаат дебитирано за првиот тим на Вардар оваа сезона. Стојчевски влезе во игра и тоа во дуелот со екипата на Розенборг, додека Тодоровски запиша настапи во ПМФЛ, против екипите на Ренова и Пелистер. Колевски прв дебитираше и тоа на дербито со Шкендија, кога Вардар беше поразен во Тетово. Освен тоа сите настапуваат за младинскиот состав на црвено-црните.