Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > КОШАРКА! КК Вардар гостува во сабота кај Тетекс, познат и целосниот распоред
КОШАРКА! КК Вардар гостува во сабота кај Тетекс, познат и целосниот распоред
ФОТО: Дуел од трета т.н. “НБА“-лига

КОШАРКА! КК Вардар гостува во сабота кај Тетекс, познат и целосниот распоред

Конечно почнува и кошаркарската сезона за црвено – црните во втората лига по квалитет во земјава. Како што е познато лани нашиот КК Вардар се “прошета“ низ третата лига и влезе во сегашното поквалитетно по ранг натпреварување. По многу перипетии летово одлучено е во оваа лига да има еден тим Вардар кој е “некаква  фузија“ од новолигашот и ланскиот вторологигаш КК Вардар Апаве, но тоа е судбината на овој  вечен “сирак“ во нашето црвено-црно семејство.

Познат е целосниот распоред за мечевите во втората лига на црвено-црниот кошаркарски колектив и тоа за зимската и летната полусезона. Лигата брои десет тима така да во двата круга ќе има 18 мечеви за Вардар. Нашите момци стартуваат на 24 октомври сабота со гостување во Тетово кај тимот на КК Тетекс, а следното коло кое е веќе во среда повторно гостување и тоа кај тимот  Ангели. Ако се оди по зацртаниот распоред оваа полусезона ќе заврши на 19 декември, а пролетната ќе стартува на 6 фебруари следната година.

РАСПОРЕД :

  1. Тетекс-КК Вардар
  2. Ангели-КК Вардар
  3. КК Вардар-Академија ФМП
  4. Шкупи-КК Вардар
  5. КК Вардар-Радовиш
  6. Охрид -КК Вардар
  7. КК Вардар-Пелистер
  8. Гостивар *15-КК Вардар
  9. КК Вардар-Водњански Лисици