Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Голема е честа што дебитирав за сениорскиот тим на Фк Вардар- Филип Трајчевски за Вардар фанс
Голема е честа што дебитирав за сениорскиот тим на Фк Вардар- Филип Трајчевски за Вардар фанс

Голема е честа што дебитирав за сениорскиот тим на Фк Вардар- Филип Трајчевски за Вардар фанс

Продолжува победничката серија за Вардарци во домашните натпреварувања. На реванш мечот в рамките на 1/8 од купот, црвено-црните по втор пат беа подобри од својот ривал, екипата на Пелистер. Овој дуел се одигра во Прилеп и заврши со наш триумф од 0:2. Еден гол беше дело на Стојков и авто-гол на противникот. На овој натпревар своето деби во првиот тим, го имаше голманот Филип Трајчевски кој настапува за младинскиот состав на Вардар. Тој влезе во игра во 85 минута, на местото на Филип Гачевски. Тој има настапувано за македонските селекции У-16, У-17, У-18, а беше повикан и за У-19 каде беше резерва, но само прашање на време е кога ќе впише настап и за оваа старосна категорија. Воедно Филип е најмладиот голман кој дебитирал за сениорскиот тим во неговата историја. Пофалба од нас за потегот на шефот на стручниот штаб на Вардар Седлоски за одлуката да промовира вардарови деца во сениорскиот состав, Вардар фанс како верен поддржувач на младите категории на црвено-црните ви ги донесуваме размислувањата , впечатоците на младот голман Трајчевски :

-Чувството само по себе кажува многу работи, кои што не можат да се опишат со зборови. Голема е честа што дебитирав за сениорскиот тим на Фк Вардар, токму на вечното дерби против Пелистер, со оглед на тоа дека имам само 17 години. Им се заблогодарувам на тренерот Седлоски и стручниот штаб на Вардар за довербата која ја имаат кон мене. Во иднина ќе продолжам да го давам својот максиум, за да ја оправдам довербата од истите. На вчерашниот натпревар забележавме победа, но немаше да биде така лесно, ако не беа добрите подготовки на целиот тим, изјави Филип Трајчевски за Вардар фанс.

Трајчевски е незаменлив дел од составот на Калц и  стандардно започнува во првите 11 на голот. Ние како медиум кој паралелно известува за младинските категории, го најавивме неговиот блесок и потенцијал уште поодамна.

Михајло Тушевски