Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Филип Трајчевски за Вардарфанс:Имаме добра екипа.
Филип Трајчевски за Вардарфанс:Имаме добра екипа.

Филип Трајчевски за Вардарфанс:Имаме добра екипа.

Кадетите на Фк Вардар по првиот дел од сезоната се наоѓаат на првото место на табелата, во својата генерација, и се најдобри од сите младински категории на Вардар кои се натпреваруваат.

-Приот дел од сезоната беше многу успешен. Завршивме на првото место со само четири примени гола, најмалку во целата младинска лига. Имаме добра екипа, добро сме воиграни,  нормално се надеваме да продолжиме во уште посилно темпо, и да завршиме на првото место. Исто така играме и во полуфиналето на националниот куп, против екипата на Металург. 

Момците на Љупчо Марковски продолжуваат со подготовките за пролетниот дел од сезоната. Веќе одиграа еден пријателски натпревар, каде ремизираа против младинците на Скопје. Утре пак ги очекува нов дуел на теренот во марино,против екипата на Милано.

-Моменталните подготовки течат во најдобар ред, и многу добро се спремаме за втората полусезона. Оптимисти сме, и напорно тренираме. Се надеваме дека до крајот на сезоната ќе го имаме пехарот од првенството и купот, ни изјави голманот на кадетите на Вардар, Филип Трајчевски за нашиот сајт.

Филип Трајчевски има 16 години,и се смета за голема надеж на Вардар и Македонскиот фудбал.Филип беше избран за најдобар играч во финалето на “Скопје Куп“ ,кога со своите интервенции им донесе прво место на младинците на Вардар на овој турнир.

Звонко Ивановски