Останаа само уште два пријателски натпревари за момците на Сергеј Андреев на припремите во Анталија. И двата меча на програмата се во петок. Првиот противник е екипата на Унисес која доаѓа од Ерменија. Моментално овој клуб се наоѓа на првото место во своето првенство. Овие подготовки ги завршуваме со натпреварот против Жилина од Словачка, кој е закажан за истиот ден попладне.
Филип Ивановски и Артур Миранјан се најдобри стрелци досега. Двајцата имаат по три гола. Новото засилување Дејан Блажевски постигна два гола. Сите добија шанса за настап и докажување. Најголемото засилување Ибричиќ своето деби го имаше на дуелот против Металург Запорожје, каде ремизиравме со овој противник.
Експедицијата на Фк Вардар се очекува во сабота да се врати во Скопје, каде ќе продолжи со тренинзи,пред почетокот на пролетниот дел од сезоната. Првиот дуел е закажан за 1-ви март против екипата на Силекс во Кратово.