КК Вардар Апаве генерација 2001 во периодот од 11-14-ти вефруари беа гости на големиот турски гигант, Анадолу Ефес.
-Моите впечатоци се одлични. Бевме сместени во тренажниот центар Анадолу Ефес, кој се наоѓа во склоп на пиварата Ефес. Одлично бевме примени, и драго ми е што имавме прилика да видиме како функционира еден евролигашки клуб.
Момците имаа можност да одиграат пријателски натпревари со Ефес и Галатасарај.Исто така присуствуваа на меч, помеѓу првите тимови на Анадолу Ефес и Галатасарај.
-Игравме против Ефес и Галатасарај. Тоа се многу добро организирани клубови. Имаат одличен систем на работа. Вложуваат многу средства и донесуваат играчи од целиот свет. Спортската култура е на високо ниво.Гледавме во живо натпревар од евролигата помеѓу Ефес и Фенербахче. Тоа е одличен впечаток, празник на кошарката, како што е дербито помеѓу Работнички и Мзт, или Партизан и Звезда.
Она што им оставило впечаток, е колку во Турција ја ценат нашата легенда-Петар Наумовски.
-Посебно ме изненади што името на Петар Наумовски има статус на “легенда“ , не само во Ефес, туку и во цела Турција. Се случи на бензиска кога им одговоривме дека доаѓаме од Македонија , да кажат “ ааа Петар Наумовски“.
Денес и генерацијата 2002 тргнаа во истиов град, каде и тие ќе имаат шанса да бидат дел од оваа организација.
-Се радувам што повторно ќе одам таму.Сигурен сум дека и овие момчиња ќе бидт воодушевени од она што ќе го видат, ни изјави нивниот тренер Младен Јегдиќ за нашиот сајт.
Звонко Ивановски