Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > Историја > Боксерски клуб Вардар

Боксерски клуб Вардар

Боксерскиот клуб Вардар е формиран 1948 год, веќе во првата година на своето постоење, преку тогашните боксери: Леов, Николовски, Нешов, Неделковски, Стојановски, се видело дека квалитетот е присутен, па во натпреварите на Републичката лига било освоено II место. Едно време екипата се натпреварувала и во II сојузна лига. Најголемите успеси со клубот се врзани со: Панче Левов, Круме Николовски, Томе Неделковски, Бојо Нешов, Љубе Оклевски, Перо Трајковски. Тие биле повеќекратни републички прваци, и учесници на државните првенства.

Ајдар Демир во 1963 станала сениорски првак на Југославија во бантам категорија.
Живко Дуковски го освоил II место во мува категорија на поединечното првенство на Југославија во сениорска конкуренција во 1957 година.

Боите на репрезентацијата на Југославија ги бранеле: Панче Левов, Ајдар Демир, Дамјан Костовски.