Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Запознавање со Рајн Некан Левен

Запознавање со Рајн Некан Левен

Пред се сите љубители и познавачи на ракометот во нашата земја знаат што значи Бундеслигашот Рајн Некан. Прославениот Германски Бундеслигаш, во сабота ќе го дочека нашиот Вардар во битка за 2-то место во нашата група, односно полесен противник во нокаут фазата на Лигата на Шампионите.
Rhein-Neckar-Loewen vs. HC Erlangen
Рајн Некан пред два месеца ни беше гостин во СЦ. Јане Сандански. На тој меч нашиот тим во еден одличен натпревар, пред полни трибини го совлада германскиот бундеслигаш со 28:25, на таа средба најефикасен во нашиот табор беше Брумен со 7 погодоци, додека пак кај гостите Петерсон запиша исто така 7 реализации.

Најпрвин ова ќе биде дуел на голманите, од едната страна Ландин, од другата Штербик, според многумина најдобрите два голмани во светот.
Потоа дуелот помеѓу најдобиот играч на Некан, Геншрајмер, а од другата страна нашиот најдобар стрелец Тимур Дибиров.

Не треба да се заборават ниту бековите на германскиот тим, тука се Ларсен, Да Руиз, Петерсон, и многу други. Рајн Некан се наоѓа на 2-та позиција во најсилната лига на светот, веднаш зад Кил.

Екипата на Рајн Некан денеска ќе одигра натпревар во Бундес Лигата, како увертира за саботниот меч.