Младите „вардарци“ имаат максимални 12. победи во исто толку одиграни натпревари.
Cвоја завршница од регуларниот дел од сезоната има и М14 лигата во машка конкуренција.
А по 12 одиграни натпревари, со максимален ефект, убедливо напред се младите кошаркари на Вардар. Победија на сите 12. одиграни натпревари, со што остварија голема предност во однос на екипите на Феникс 2010 (ефект 9-3), на Куманово (8-4) и Водно Санс (6-6), кои следуваат на табелата во пресрет на вториот дел од натпреварите – „Оролоџото“.
Втор круг од натпреварите ќе играат и осум екипи во Втората лига.
По уште седум натпревари ќе играат Вибас Баскет, ИБА Баскет, Работнички 2018 и МЗТ Скопје Аеродром 2 од групата „Запад“, и Спортисимо, Струмица, Риниа и Еуро Никел 2005 од групата „Исток“.
Првопласираните четири екипи од второлигашкиот сегмент, ќе обезбедат пласман во осминафиналната фаза во која ќе бидат вклучени и екипите кои вториот круг од натпреварите во Првата лига ќе ја завршат од 5. до 8. место на табелата.
Директен пласман во четвртфиналето на плеј-офот ќе обезбедат екипите кои вториот дел од лигата ќе го завршат од 1. до 4. место на табелата во Првата лига.