Гласните жици нека останат загреани, време е за нов спектакл! Утре во СЦ. ,,Јане Сандански” со почеток од 17.00 часот се игра уште еден голем спортски натпревар, дерби натпревари, дерби на Македонија помеѓу Вардар и Е.Пелистер.
По тој повод навивачите на Вардар не застануваат. Гласните жици мора да останат загреани и еуфоријата од фудбалскиот натпревар да ја префрлат на ракометниот, на најтрофејниот ракометен колектив во државава. Утре попладне ќе биде навистина ,,жешко” во Скопје. Се најавуваат повеќе од 800 најверни навивачи, ,,Комити”, но и околу 300 навивачи од Битола, за уште подобар амбиент и атмосфера. Секако дека и ,,Вардарци” ќе бидат во голем број. Нека биде фер и коректно како на теренот, така и на трибините.
Затоа, дојдете утре во 17 часот да навиваме за нашиот тим и да се радуваме на голема победа. Влезот е слободен!