Фудбалерите на Вардар репрезентативната пауза ќе ја искористат така што ќе одиграат и пријателски натпревар против екипата на Македонија ЃП. Овој дуел ќе биде одигран во недела со почеток од 14.00 часот на теренот во скопската населба Ѓорче Петров.
Никола Глигоров на овој дуел ќе има можност да искомбинира некој нови тактики пред најважните натпревари кои му доаѓаат на Вардар во борбата за бараж за Првата лига.
Да потсетиме дека од тимот на Вардар само младиот Ричков има репрезентативни обврски.