Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Комити > ,,Комити” добиваат поголем простор во сала (ФОТО)
,,Комити” добиваат поголем простор во сала (ФОТО)

,,Комити” добиваат поголем простор во сала (ФОТО)

Неполн ден до ракометното дерби на Македонија, дербито кое треба да го насочи текот на ова првенство. Поради големата заинтересираност за овој дуел, пред се од навивачки аспект, управата на Вардар им излезе во пресрет на најверните навивачи, па така ,,Комитите” ќе добијат поголем простор.

Според проценките, се очекуваат некаде околу 800 најверни навивачи на Вардар, а да не заборавиме дека на спротивната страна ќе има и некаде околу 300 навивачи од Битола, кој исто така ќе придонесат за уште поубав амбиент во сала. Секако дека тука ќе бидат и вардарци, исто така во голем број.

Уште еднаш ги повикуваме сите љубители на Вардар да дојдат утре во сала и со голема поддршка да најавиме уште една титула. Влезот за целата сала е слободен.