Saturday ,27 July 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Стартува Регионалната Скопска лига, „петлињата“ на ФК Вардар ја отвараат сезоната со Аеродром 2018
Стартува Регионалната Скопска лига, „петлињата“ на ФК Вардар ја отвараат сезоната со Аеродром 2018

Стартува Регионалната Скопска лига, „петлињата“ на ФК Вардар ја отвараат сезоната со Аеродром 2018

Со натпревари во Регионалната-Скопска лига стартуваат генерациите 2007 и 2008 на ФК Вардар. Ова натпреварување после пауза од две години повторно се активира, а сезонава дел од неа ќе бидат помладите и повозрасните петлиња на Вардар, кои се предводени од Влатко Колев.

Во рамките на првото коло, вардаровите надежи во недела на домашен терен ја пречекуваат екипата на Аеродром 2018. Натпреварите ќе се одиграат на теренот во Хиподром со почеток од 10:00 и 12:00 часот.

Двојки за првото коло во Регионалната Скопска лига:

Вардар – Аеродром 2018

Кул – Академија Пандев Јуниор

Шкендија – ССК Нова

Работнички – Скупи

Шкупи – Македонија Ѓ.П

Фортуна 2009 – Грозданоски

Форца – Куманово Еуроспорт

Њу Старс – Куманова-Милано 2010